Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL

Прва регистрација

Прва регистрација (потребни документи)

При првата регистрација, сопственикот на возилото, односно носителот на правото на користење на возилото, покрај барање, е должен да ги поднесе и следните писмени докази за:

1.
Потекло на возилото (фактура за ново возило или странска сообраќајна дозвола кога се регистрира увезено употребувано возило), потврда за регистрација или друга соодветна исправа (пресуда, решение и др.) во случаевите кога се поднесува барање за прва регистрација на возилото што било одземено во судска, царинска, или друга постапка , а кое е продадено по пат на јавно наддавање или тстапено на користење на државен орган , суд , институција , установа и сл;
2. Сопственост на возилото (фактура за ново возило, односно договор за купопродажба, поклон, решение за наследување или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста на возилото кога се поднесува барање за прва регистрација на увезено употребувано возило);
3. Доказ за регулирани обврски пропишани со закон и тоа :
  • царински и други увозни давачки,
  • надоместоци,
  • задолжително осигурување,
  • такси,
  • други обврски во врска со регистрацијата.
4. Доказ за техничката исправност не постара од 30 дена;
5. Доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи кои важат во Р. Македонија;
6. Уверение, потврда или друга соодветна исправа за извршено испитување на возилото издадена од овластена организација за испитување на возила во случаевите кога возилото е поединечно произведено, поединечно составено или поединечно преправено;
7. Доказ за одјава на возилото (само при прва рег. на увезено, употребувано возило) и
8. Доказ за идентитет (лична карта за физички лица, односно известување за распоредување за правни лица).

ВНИМАВАЈ:  Доказот за техничка исправност на возилото не може да биде постар од 30 дена.

Сообраќајна дозвола и регистарските таблици чини   1.400,00 денари

СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА ВАЖИ 1 ГОДИНА

Управниот дел на сообраќајот спаѓа во делокругот на работата на Одделението за сообраќај.

Помеѓу останатото, Одделението за сообраќај ги решава поднесените барања од областа на регистрација на возилата и издавањето на возачките дозволи.

 

Во тие рамки, потребно е да се знае дека при регистрација на возило или издавање на возачка дозвола се поднесуваат одредени писмени докази со кои се докажува исполнетоста на условите пропишани со прописите.

 

Пооделно, во секоја од постапките, потребно е да се поднесат следните писмени докази:

 

1. РЕГИСТРАЦИЈА НА НОВО МОТОРНО ИЛИ ПРИКЛУЧНО ВОЗИЛО

 

Барање за регистрација се поднесува лично, до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење на сопственикот, односно седиштето на правното лице.

 

Покрај личната карта, односно известувањето за распоредување на правното лице, се приложува:

-фактура за новокупеното возило;

-доказ за регулирани царински  и даночни обврски за возилото, полиса за задолжитено осигурување и докази за подмирени други  давачки при регистрацијата (надоместок за користење на јавните патишта, комунална такса,  административни таксени марки и др.)

-доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија и

- доказ за техничка исправност на возилото.

 

Доколку возилото технички е исправно, овластените контролори, барањето за регистрација на возилото го потпишуваат и заверуваат во делот за извршениот технички преглед и со целокупната документација се упатува на шалтерот за регистрација на моторни и приклучни возила каде што  ќе  издадат сообраќајна дозвола и регистарски таблици за возилото.

 

2. РЕГИСТРАЦИЈА НА УПОТРЕБУВАНО МОТОРНО ВОЗИЛО НАБАВЕНО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Лично се поднесува барање за регистрација на шалтер во станицитa за вршење на технички преглед на моторни возила и приклучни возила при што треба да се приложи:

-лична карта, односно известување за распоредување, ако новиот сопственик  на возилото е правно лице;

-сообраќајна дозвола за возилото, договор за купопродажба склучен со лицето кое фигурира на сообраќајната дозвола  заверен од нотар или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста;

-доказ за извршена одјава на возилото кај органот кој претходно го регистрирал;

-ќе се платат пропишаните такси и цената на чинењето на новата сообраќајна дозвола, а ако на возилото му e помината важноста на регистрацијата и износите на име технички преглед на возилото, осигурување, надоместоци и други пропишани давачки при регистрација.

 

НАПОМЕНА:

Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не било пререгистрирано, тогаш се приложуваат и договорите за купопродажба на возилото склучени помеѓу сопственикот на возилото запишан во сообраќајната дозвола и сите подоцнежно извршени купопродажби на истото до последниот сопственик.

 

СИТЕ ПРОМЕНИ НА ВОЗИЛОТО ИЛИ ПРОМЕНИ НА ЗАПИШАНИТЕ  ПОДАТОЦИ ВО СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО РОК ОД 15 ДЕНА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ  СПОРЕД ЖИВЕАЛИШТЕТО, ОДНОСНО СЕДИШТЕТО

 

3. РЕГИСТРАЦИЈА НА УПОТРЕБУВАНО МОТОРНО ИЛИ ПРИКЛУЧНО ВОЗИЛО НАБАВЕНО ВО СТРАНСТВО

На шалтер во станицита за технички преглед на моторни и приклучни возила лично се поднесува барање за регистрација на употребувано моторно или приклучно возило кое било увезено од странство.

 

При тоа се приложува:

 

-лична карта, односно известување за распоредување ако возилото е сопственост на правно лице;

-странска сообраќајна дозвола за возилото и писмен доказ за извршена одјава на возилото во земјата во која предходно било регистирано;

-договор за купопродажба на возилото или друга соодветна исправа со која  се докажува извршената  промена на сопственоста;

-доказ за регулирани царински и даночни обврски за возилото;

-доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија;

-доказ за техничка исправност на возилото кој не може да биде постар од 30 дена;

-ќе се платат пропишаните такси и надоместоци, за регистрација на возило како и износот на име цена на чинење на образецот на сообраќајната дозвола и регистарските таблици.

 

НАПОМЕНА:      Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не  било пререгистрирано, тогаш ќе се приложат и договорите за купопродажба на возилото извршени помеѓу сопственикот на возилото запишан во странската сообраќајна дозвола и сите подоцнежни сопственици,  до  последниот сопственик.