Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL

Постапка на вршење на технички преглед

Постапка (начин) на вршење на технички преглед Шема за вршење технички преглед

Техничкиот преглед на возилото го вршат двајца контролори едновремено, од кои едниот е во возилото и управува со истото, а другиот ја спроведува постапката на техничко испитување на возилото .

Техничкиот преглед ќе се изврши само ако возилото е чисто, обоено и нема видни оштетувања на каросеријата .

Вообичаено техничкиот преглед се врши на празно возило оптоварено само со контролорот што го управува, односно возачот и контролорот и задолжителната опрема, со исклучок на техничкиот преглед на исклучено возило од сообраќај поради техничка неисправност кој може да се врши и на натоварено возило (вонреден технички преглед).

Постапката за вршење на технички преглед се одвива во следниве фази утврдени со Правилникот за вршење на технички преглед на моторни и приклучни возила, трактори и земјоделски трактори :  

1. Идентификација на возилото

2. Преглед на погонскиот мотор на возилото

3. Преглед на возната постројка и каросеријата односно самоносечката конструкција

4. Преглед на погонските уреди

5. Преглед на уредот за управување

6. Преглед на влечниот уред за спојување на влечно и приклучно возило

7. Преглед на тркалата и пневматиците

8. Проверка на геометријата на управувачкиот механизам - наклон, затур и насоченост на тркалата

9. Проверка на амортизерите кај возилата - уред за суспензија кај возилата 

10. Преглед на уредот за сопирање

11. Уред за одвод и испуштање на согорените гасови

12. Преглед на светлосните и светлосно - сигналните уреди

13. Преглед на контролните и сигналните уреди

14. Преглед на уредот за давање на звучни сигнали

15. Преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост

16. Останати уреди и опрема

Преглед на тркалата и пневматиците

7a    7b

Преглед на уредот за управување

При преглед на уредот за управување се проверува дали:

  • деловите и склоповите на механизмот за управување добро се зацврстени;
  • деловите и склоповите на уредот за управување се неоштетени или нестручно се поправени;
  • се исправни и осигурани со расцепка зглобовите на споните и лостовите кои го поврзуваат управувачкиот механизам на тркалата;
  • слободниот од на тркалото на управувачот е во дозволени граници;
  • сите елементи и делови на серво-уредот за управување се исправни, а посебно дали се оштетени или ослабени цевките и цревата и
  • уредот како целина исправно функционира.

Слободниот од на тркалото на управувачот на возилото се проверува со рака или со помош на агломер и не смее да биде поголем од 300.

 

5a      5b

Преглед на влечниот уред за спојување на влечно и приклучно возило

При преглед на влечниот уред за спојување на влечно и приклучно возило се проверува дали:

  • е изведен и поставен на пропишан начин и дали е неоштетен и поправан
  • оската на влечниот уред за спојување со помош на која се спрегнува возилото има осигурувач кој оневозможува при нормална употреба раздвојување на спрегнатите возила.

Во случаите кога влечниот уред дополнително е вграден на возилото, сопственикот мора да поседува ПОТВРДА издадена од овластена организација за испитување на возила.



Проверка на геометријата на управувачкиот механизам - наклон, затур и насоченост на тркалата

Проверка на геометријата на управувачкиот механизам

  • 
  • отстапување од линијата на движење (0 – 3) м/км – исправна насоченост
  • отстапување од линијата на движење (3 – 7) м/км – добра насоченост
  • отстапување од линијата на движење (7 – 15) м/км – насоченоста не е добра

8a

Проверка на амортизерите кај возилата - уред за суспензија кај возилата

Проверка на амортизерите кај возилата

9a

Повеќе Артикли...