Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL

ECE - регулативи

ECE - РЕГУЛАТИВИ


ECE регулативите претставуваат технички документи кои ги содржат усогласените технички карактеристики на возилата и нивната опрема, начинот на кој тие се испитуваат, како и процедурите за одобрување на возилата што ги исполнуваат овие регулативи.

Пропишан е и начинот на контрола на сообразноста на производството за одобрените возила, како и казните при несообразност на производството, вклучително и повлекување на одобрувањето. ECE регулативите претставуваат прилози на Спогодбата за прифаќање на еднообразни технички прописи за возила на тркала, опрема и делови кои можат да бидат вградени и/или употребени во возилото на тркала и условите за взаемно признавање на хомологациите доделени врз основа на тие прописи, усвоенa од страна на Економската комисија за Европа при Обединетите нации или таканаречен ECE систем.

Потписничка на оваа Спогодба е и Република Македонија од 17.11.1991 г.Линк:
http://www.unece.org/trans/main/welcwp29.htm

Категоризација

Категорија L: Моторни возила со помалку од четири тркала

Категорија L1: Возила на две тркала со работна зафатнина на цилиндрите на моторот која не е поголема од 50 cm3 и максимална конструктивна брзина која не надминува 50 km/h.

Категорија L2: Возила на три тркала со работна зафатнина на цилиндрите на моторот која не надминува 50 cm3 и максимална конструктивна брзина која не надминува 50 km/h.

Категорија L3: Возила на две тркала со работна зафатнина на цилиндрите на моторот која надминува 50 cm3 или максимална конструктивна брзина поголема од 50 km/h.

Kатегорија L4: Возила на три тркала, асиметрично поставени во однос на средната подолжна оска, со работна зафатнина на цилиндрите на моторот преку 50 cm3 или максимална конструктивна брзина која надминува 50 km/h (мотоцикл со бочна приколка).

Категорија L5: Возила на три тркала, симетрично поставени во однос на средната подолжна оска, чија работна зафатнина на цилиндрите на моторот надминува 50 cm3 или максималната конструктивна брзина надминува 50 km/h

 

 

 

 

Категорија M: Моторни возила со најмалку четири тркала кои се наменети за превоз на патници.

Категорија M1: Возила за превоз на патници кои, покрај седиштето на возачот, имаат најмногу осум седишта.

Категорија M2: Возила за превоз на патници кои, покрај седиштето на возачот, имаат повеќе од осум седишта и чија најголема маса не надминува 5.000 kg.

Категорија M3: Возила за превоз на патници кои, покрај седиштето на возачот, имаат повеќе од осум седишта и чија најголема маса надминува 5.000 kg. Возилата од категориите М2 и М3 припаѓаат во:

  • една или повеќе од трите класи  (Класа I, Класа II, Класа III) во согласност со Регулативите бр. 36 и 107;
  • едната или во двете класи (Класа А, Класа В) во согласност со Регулативата бр. 52.

Класа I: Возила конструирани со простор за стоење на патници, во кои е овозможено нивно непречено движење.

Класа II: Возила конструирани за превоз првенствено на патници кои седат и дизајнирани да обезбедат стоење на патници на патеката за поминување и/или на површина која не го надминува просторот предвиден за две дупли седишта.Класа III: Возила конструирани исклучително за превоз на патници кои седат.

Класа А: Возила конструирани за превоз на патници кои стојат. Возилата од оваа класа имаат седишта и може да имаат подготовка за превоз на патници кои стојат.

Класа В: Возила кои не се дизајнирани за превоз на патници кои стојат. Возилата од оваа класа немаат подготовка за превоз на патници кои стојат.

Забелешка за категориите М и N:

Во случај на влечно возило кое е наменето за влечење на полуприколка, за најголема маса на возилото се зема масата на влечното возило (во состојба кога е спремно за возење) зголемена за најголемата маса која му се пренесува од полуприколката и за најголемата маса на баластот – товарот на влечното возило (ако тоа е предвидено).

Опремата и инсталациите, монтирани на некои специјални возила, кои не се наменети за превоз на патници (автодигалки, подвижни работилници, продавници, се сметаат како товар во смисла на класификацијата на возилата).

 

 

Категорија N: Моторни возила со најмалку четири тркала кои се наменети за превоз на товар.

Категорија N1: Возила за превоз на товар чија најголема маса не надминува 3.500 kg.

Категорија N2: Возила за превоз на товар чија најголема маса надминува 3.500 kg, а е помала од 12.000 kg.

Категорија N3: Возила за превоз на товар чија најголема маса надминува 12.000 kg.

Забелешка за категориите М и N:
Во случај на влечно возило кое е наменето за влечење на полуприколка, за најголема маса на возилото се зема масата на влечното возило (во состојба кога е спремно за возење) зголемена за најголемата маса која му се пренесува од полуприколката и за најголемата маса на баластот – товарот на влечното возило (ако тоа е предвидено).

Опремата и инсталациите, монтирани на некои специјални возила, кои не се наменети за превоз на патници (автодигалки, подвижни работилници, продавници, се сметаат како товар во смисла на класификацијата на возилата).

Категорија O: Приколки (вклучително полуприколки).

Категорија O1: Едноосни приколки (исклучувајќи ги полуприколките) чијашто најголема маса не надминува 750 kg.

Категорија O2: Приколки чијашто најголема маса надминува 750 kg, а не надминува 3.500 kg.

Категорија O3: Приколки чијашто најголема маса надминува 3.500 kg, но не и 10.000 kg.

Категорија O4: Приколки чијашто најголема маса надминува 10.000 kg.

Забелешка за категоријата О:
Кај полуприколките, за најголема маса за определување на категоријата на возилото се смета делот од вкупната маса на целосно оптоварената полуприколка кој се потпира на оската, односно на оските на полуприколката, кога таа е прикачена на влечното возило.