Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL

Често поставувани прашања

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

На кои возила се врши оценка на сообразност (хомологација)?
На возила од следните категории:

  • L – мотоцикли
  • М – патнички и автобуси
  • N – товарни возила
  • О – приколки и полуприколки

Дали се прави хомологација само на половни или и на нови возила?
За сите возила е задолжителна проверката на хомологациска сообразност, без оглед дали се половни или нови.

Кој прави, односно утврдува типска хомологација?

Во моментов типска хомологација може да се направи само во Административното тело за хомологација – Биро за метрологија тел. – 02/2403-676).

Дали правите хомологација на преправени возила во однос на основната изведба (сменет мотор, преправено од патничко во товарно или обратно, сменет број на седишта,....)?


Не, преправените возила задолжително мора да се атестираат за да се провери дали преправката влијае на општата безбедност на возилото – тоа се прави на Машински факултет – Скопје.

Кои документи се потребни за хомологација?

  • Упат од царина до овластената организација за преглед на возило-АМСМ – оргинал
  • Потврда за техничките карактеристики  на друмско возило и за меѓународните хомологациски прописи кое истото ги исполнува (обезбедена од овластениот застапник на марката возило во РМ или ТUV Минхен) – оргинал
  • Влезна царинска декларација – фотокопија
  • Купопродажен договор или фактура – фотокопија
  • Сообраќајна дозвола од возилото – фотокопија (ако се работи за ново возило не треба).
  • Возило на лице место
  • Потврда за уплатени 200,00 денари на сметка на Бирото за метрологија – Министерство за економија.

Дали за повратници од странство или државјани на РМ на привремена работа во странство постојат бенефиции во однос на увоз на возила (постари возила, изземање од некои регулативи)?

Не (не е предвидено во Правилникот)

Дали за инвалиди постојат бенефиции во однос на увоз на возила (постари возила, изземање од некои регулативи)?

Не (не е предвидено во Правилникот)

Дали мора лично сопственикот да го донесе возилото за преглед на хомологациска сообразност?

Да (или овластено лице од него)