Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL
Почеток Технички преглед Постапка на вршење на технички преглед Преглед на уредот за сопирање

Преглед на уредот за сопирање

При преглед на уредот за сопирање особено се проверува дали:

  • возилото има соодветен уред за сопирање;
  • деловите на уредот за сопирање се добро прицврстени, неоштетени, преправени или на било кој начин сменети, како и дали инсталацијата добро е затворена и не го испушта работниот флуид;
  • работната, помошната и паркирната кочница се комбинирани на пропишан начин;
  • деловите на уредот за сопирање – работна, помошна и паркирна кочница ги задоволуваат пропишаните услови за забавување односно на кочниот коефициент и силата на активирање на командите;
  • забавувачот, ако е пропишан, постои на возилото и функционира исправно;
  • падот на притисокот на работниот флуид во пневматскиот преносен механизам при пропишаниот број на закочувања ги надминува дозволените вредности;
  • разликата на силата и кочењето на тркалата од иста оска е во дозволената граница и
  • уредот за сопирање како целина функционира исправно.

10a