Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL
Почеток Технички преглед Постапка на вршење на технички преглед Преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост

Преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост

Како уреди што овозможуваат нормална видливост во сообраќајот на патот, се подразбираат:

  • ветробранот и надворешните прозорски окна на кабината и на каросеријата
    бришач на ветробранот
    перач на ветробранот
    возачко огледало
    При преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост се проверува дали:
    ветробранското стакло и другите застаклени површини на возилото се изработени од сигурносно стакло и дали добро се зацврстени во своите лежишта;
    застаклените површини се доволно провидни, неоштетени и дали покажуваат значителни деформации на предметите што се гледаат преку нив;
    возилото има брисачи, перачи и одмаглувачи на ветробранското стакло кои функционираат правилно и
    на возилото постојат пропишани огледала на соодветни места кои се прицврстени на пропишан начин.
    Ветробранот мора да ги исполнува следните услови:
    да е изработен од материја што е доволно проѕирна, чија проѕирност не се менува
    да не покажува никаква позначителна деформација на предметите што се гледаат низ него
    во случај на прскање да ја задржи проѕирноста што на возачот му е потребна да го продолжи сигурното возење до запирањето на возилото