Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL

EUROPE_PREMIUM BUSINESS EUROPE PREMIUM за безгрижни службени патувања!

Business Europe Premium членството е наменето за правни лица, и може да се користи на територија на Р. Македонија и во Европа. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила со следниве карактеристики:
1.    Вкупна маса до 3,5 тона и
2.    Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м.

Услугите вклучени во Business Europe Premium членството се однесуваат на едно службено возило, а можат да се користат како на цела територија на Република Македонија, така и било каде во Европа.

Услуги во Македонија:
- Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 200 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото.
- Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода - неограничено во километри.
- Пренос на возило по повластена членска цена.
- Бесплатна помош на пат - до пет пати (замена на пневматик, стартување на возило, дотур на гориво и други дефекти на самото место)
- Извлекување на возило.
- Покривање на патни трошоци до 1.000 денари во случај на дефект на возило или сообраќајна незгода
- „Travel Info Set“ (информативен комплет за патување) кој вклучува патна карта, рута, информатор за земјата и странство во однос на сообраќајната законска регулатива, патарини, курсна листа и сл., кој се издава на барање на членот.
- Бесплатно членско списание „AМСМ Клуб мобилити“ во печатено и електронско издание, доставено на електронска или контакт адреса на членот.

Услуги во Европа:
- Бесплатен пренос на оштетено возило во случај на сообраќајна незгода до 400€.
- Бесплатно шлепување или бесплатна помош на пат при дефект на возило до 200€.
- Покривање трошоци за хотелско сместување, рент а кар или патни трошоци до 200€. 



Цена: 4.200 ден.