Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL
Почеток Услуги Членски пакети Light

LIGHTLIGHT и уживајте во добриот шопинг!

Light членството е наменето за сите од 18-24 години и Ви овозможува членските услуги да ги користите и кога управувате со сопствено и кога управувате со туѓо моторно возило. Возилото треба да е уредно регистрирано со македонски регистарски таблички и да гласи на физичко лице, односно членството се однесува на зачленетото лице, а не на возилото. Членскиот пакет важи за патнички моторни возила и лесни комерцијални возила со следниве карактеристики:

1.    Вкупна маса до 3,5 тона и
2.    Вкупна должина од преден браник до задна осовина 3,5 м.

Услугите вклучени во членството Light можете да ги користите на територијата на Република Македонија:

- Бесплатен пренос на возило во случај на дефект до 20 км во двете насоки, сметано од местото на тргнување на шлеп возилото
- Бесплатен пренос на оштетено возило во сообраќајна незгода - неограничено во километри
- Пренос на возило по повластена членска цена
- Бесплатна помош на пат (замена на пневматик, стартување на возило, дотур на гориво и други дефекти на самото место)
- Извлекување на возило
- Покривање на патни трошоци на членот до 600 денари во случај на дефект на возило или сообраќајна незгода
- „Travel Info Set“ (информативен комплет за патување) кој вклучува патна карта, рута, информатор за земјата и странство во однос на сообраќајната законска регулатива, патарини, курсна листа и сл., кој се издава на барање на членот
- „Show your Card!“ - интернационална програма за попусти во повеќе од 25.000 продажни места во Европа, САД и Канада
- АМСМ Партнер програма - национална програма за попусти во над 200 продажни места на територијата на Република Македонија
- „Newsletter“– неделен електронски весник доставен на електронска пошта на членот
- Можност за купување кампинг – картичка CCI за попуст во над 1100 кампови во цела Европа



Цена: 490 ден.