Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL
Почеток Услуги Пријава-Одјава на моторно возило

Пријава-Одјава на моторно возило

ПРИЈАВА/ОДЈАВА НА МОТОРНО ВОЗИЛО

При одјава/пријава на возилото, постапката е следна:

Возилото се одјавува во местото каде што е регистрирано, односно издадена регистарската таблица. За да едно возило биде одјавено потребно е:

 

1. Барање за одјава кое се добива на шалтерите за регистрација во АМДТ - Тетово;

 

2. Сообраќајна книшка од возилото;

 

3. Лично присаство на лицето кое го одјавува возилото;

 

4. Регистарски таблици од возилото;

 

5. Доколку се работи за правно лице кое одјавува возило, тогаш е потребно полномошно на лицето кое ќе ги одјавува регистарските таблички во име на правното лице

 

6. Го одјавува сопственикот на возилото, лично во службите на МВР

 

Новиот сопственик го пријавува возилото во местото на живеење, додека потребни документи се следниве:

 

- Одјавена сообраќајна книшка на која има заверка дека возилото е одјавено;
- Лично присуство на сопственикот;
- Барање за пријава.