Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL
Почеток Техничко-експлоатациони услови М. и П. возила за Ј.П. на стока

Моторни и приклучни возила за јавен превоз на стока

Моторни и приклучни возила за јавен превоз на стока

 

Товарните и приклучните возила наменети за јавен превоз на стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, покрај условите пропишани со прописите за безбедноста во сообраќајот на патиштата и пропишаните стандарди за одделни видови превоз на стока, мора да ги исполнуваат и посебните техничко – експлоатациони услови. Овие возила на надворешната страна од вратите мора да имаат истакнат назив и седиште на превозникот на кој му припаѓа возилото, како и носивост и сопствена маса.

Податоците се испишуваат на македонски јазик со кирилско писмо, а доколку со возилото се врши и меѓународен превоз на стока може да бидат испишани и на еден од светски признатите јазици. Буквите, односно нивната боја мора да се разликува од основната боја на возилото.