Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL
Почеток Техничко-експлоатациони услови Моторни возила за комбиниран превоз

Моторни возила за комбиниран превоз на патници и стока

Моторни возила за комбиниран превоз на патници и стока

Овие возила покрај условите утврдени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата и пропишаните стандарди мора да ги исполнуваат и следниве посебни техничко – експлоатациони  услови, односно мора да имаат:

1.

врата за влегување и излегување на патниците од десната страна на возилото;

2.

разгласен уред за известување на патниците;

3.

исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 291 К и уред за вентилација и

4.

физичка преграда меѓу просторот за стока и просторот за патници.

Со комби возилата со кои се врши превоз на патници во истиот простор не може да се превезува живина и добиток.