Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL
Почеток Техничко-експлоатациони услови Испитување на технички карактеристики

Испитување на технички карактеристики

Испитување на технички карактеристики

Моторните возила со кои се врши внатрешен и меѓународен превоз на патници и стока по определен период на експлоатација мора да се подложат на испитување заради утврдување на тех. карактеристики во поглед на носечката конструкција и каросерија, моторот, системот за кочење, системот за управување и системот за греење и вентилација и тоа:

1.

Автобусите со кои се врши меѓумесен и меѓународен превоз на патници постари од 10 години.

2.

Автобусите со кои се врши градски и приградски превоз на патници постари од 12 години.

3.

Комби возилата со кои се врши превоз на патници (линиски и слободен) постари од 10 години.

4.

Патничките возила наменети за авто-такси превоз на патници постари од 10 години.

5.

Товарните возила за превоз на стока постари од 16 години.

Испитувањето на наведениве возила се врши на секои 2 години во станиците за технички преглед.