Warning: Creating default object from empty value in /home/amdte/public_html/site/plugins/system/modulesanywhere/helper.php on line 387 Warning: Creating default object from empty value in /home/amdte/public_html/site/plugins/system/articlesanywhere/helper.php on line 508 Постапка за добивање возачка дозвола
Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL
Почеток Авто школа Постапка

Постапка за добивање возачка дозвола

ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД

Со лекарскиот преглед добивате уверение за вашата душевна и телесна способност за управување на моторно возило кое го издава секој Медицински центар. Најдобро околу лекарскиот преглед е да се консултирате со вашиот иден инструктор кој ќе ви објасни како се одвива целата постапка на издавање на уверението.

 

ПОЧЕТОК НА ОБУКАТА

Програмата за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила ги опфака прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата кои што се однесуваат на: правила на сообраќајот на патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците што ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот, опасностите и последиците кои настануваат поради неправилно и непрописно превземање дејства во сообраќајот, функционирањето на уредите на моторните возила што се од значење за безбедноста во сообраќајот, како и содржини кои придонесуваат за развивање хумани односи и солидарност кон другите учесници во сообраќајот, постапка во случај на сообраќајна незгода и начини на кои се укажува прва помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

 

ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКИ ИСПИТ

Испитот се состои од практичен и теоретски дел. Теоретскиот дел ги опфаќа прописите за безбедноста во сообраќајот во кои спаѓаат правилата за сообраќајот и патиштата, сообраќајните знаци и нивното значење и знаците кои ги даваат овластените лица кога вршат контрола и регулирање на сообраќајот. Практичниот дел опфаќа изведување дејствиа со моторно возило што се од значење за успешно и безбедно управување на возилото во согласност со правилата на сообраќајот, условите на патот и за совладување на техниката за управување со возилото.

 

ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

После успешно положениот испит следува издавање на возачката дозвола, која ја издава подрачното Министерство за Внатрешни Работи.

Потребни документи за авто школа

Наскоро ќе станете возач. Што треба да знаете?

Освен запознавањето со сообраќајните правила и прописи практичното искуство со коешто ќе се здобие во процесот на обука, секој возач треба да стекне навика да постапува во согласност со тие правила и прописи, да води сметка за безбедноста, да се однесува хумано и етички и да ги почитува другите учесници во сообраќајот. Токму затоа, за да станете сигурен и комплетен возач,

Ви стоиме на располагање.

ПРАВО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МОТОРНО ВОЗИЛО

1) да има наполнето 17 години и шест месеци,

2) да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило,

3) да има завршено најмалку основно образование,

4) да поседува валидна лична карта или пасош.