Get Adobe Flash player
Македонски (Macedonian)Albanian-AL
Почеток Регистрација на возила Прва регистрација

Прва регистрација

Прва регистрација (потребни документи)

При првата регистрација, сопственикот на возилото, односно носителот на правото на користење на возилото, покрај барање, е должен да ги поднесе и следните писмени докази за:

1.
Потекло на возилото (фактура за ново возило или странска сообраќајна дозвола кога се регистрира увезено употребувано возило), потврда за регистрација или друга соодветна исправа (пресуда, решение и др.) во случаевите кога се поднесува барање за прва регистрација на возилото што било одземено во судска, царинска, или друга постапка , а кое е продадено по пат на јавно наддавање или тстапено на користење на државен орган , суд , институција , установа и сл;
2. Сопственост на возилото (фактура за ново возило, односно договор за купопродажба, поклон, решение за наследување или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста на возилото кога се поднесува барање за прва регистрација на увезено употребувано возило);
3. Доказ за регулирани обврски пропишани со закон и тоа :
  • царински и други увозни давачки,
  • надоместоци,
  • задолжително осигурување,
  • такси,
  • други обврски во врска со регистрацијата.
4. Доказ за техничката исправност не постара од 30 дена;
5. Доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи кои важат во Р. Македонија;
6. Уверение, потврда или друга соодветна исправа за извршено испитување на возилото издадена од овластена организација за испитување на возила во случаевите кога возилото е поединечно произведено, поединечно составено или поединечно преправено;
7. Доказ за одјава на возилото (само при прва рег. на увезено, употребувано возило) и
8. Доказ за идентитет (лична карта за физички лица, односно известување за распоредување за правни лица).

ВНИМАВАЈ:  Доказот за техничка исправност на возилото не може да биде постар од 30 дена.

Сообраќајна дозвола и регистарските таблици чини   1.400,00 денари

СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА ВАЖИ 1 ГОДИНА