Техничко – експлоатациони услови
ПОСЕБНО ТЕХНИЧКО – ЕКСПЛОАТАЦИОНИ УСЛОВИ
Домашен превозник може да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца.
Превозот во патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз.
Проверка на исполнетоста на посебно – техничко експлоатационите услови на возилата со кои се вршат одделни видови на превоз во патниот сообраќај се врши во станицита за технички преглед на АМДТ – ТЕТОВО, согласно со прописите за безбедност во сообраќајот.
За возилата што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови правното лице овластено за вршење на технички преглед издава потврда за:
- Моторни возила за јавен превоз на патници (автобуси и комби возила);
- Патнички моторни возила за авто-такси превоз на патници
- Моторни и приклучни возила за јавен превоз на стока
- Моторни возила за комбиниран превоз на патници и стока
Испитување на технички карактеристики