Моторни возила за јавен превоз на патници
Моторни возила за јавен превоз на патници (автобуси и комби возила)
I. Автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во меѓумесниот и меѓународниот патен сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:
1. |
Правилно прицврстени, нумерирани, исправни и чисти седишта; |
2. |
Исправен радиоапарат и разгласен уред заизвестување на патниците; |
3. |
корпи за отпадоци и средества за дезинфекција; |
4. |
исправен уред за загревање на автобусот од најмалку 291є К; |
5. |
исправен уред за вентилација; |
6. |
завеси за заштита од сонце, доколку стаклата не обезбедуваат таква заштита; |
7. |
пластични хигиенски кеси за потребите на патниците и |
8. |
простор за багаж од 0,15 м2 по секое седиште. |
II. Автобусите со кои се врши јавен превоз на патници во линискиот градски и пригратски сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлоатациони услови:
1. |
правилно прицврстени и чисти седишта според пропишаните стандарди; |
2. |
исправен уред за загревање на внатрешноста од автобусот од најмалку 291є К; |
3. |
потребен број фиксни и одреден број подвижни држачи за раце; |
4. |
три двоканални врати за влегување, односно излегување на патниците од десната страна на возилото; |
5. |
до излезните врати да имаат инсталирано уред за сигнализирање на потребата за излез; |
6. |
средства за дезинфекција; |
7. |
доколку во возилото нема кондуктер треба да имаат две влезни врати опремени со уреди за наплата или уреди за поништување на билетите. |
III. Комби возилата со најмногу 9 седишта сметајки го и седиштето на возачот со кои се врши јавен превоз на патници на определени релации во меѓумесниот или пригратскиот сообраќај треба да ги исполнуваат следниве техничко-експлотациони услови:
1. |
да имаат врата за влегување и излегување на патниците од десната страна; |
2. |
разгласен уред за известување на патниците; |
3. |
исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 291є К и |
4. |
исправен уред за вентилација. |