Моторни возила за комбиниран превоз на патници и стока
Моторни возила за комбиниран превоз на патници и стока
Овие возила покрај условите утврдени со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата и пропишаните стандарди мора да ги исполнуваат и следниве посебни техничко – експлоатациони услови, односно мора да имаат:
1. |
врата за влегување и излегување на патниците од десната страна на возилото; |
2. |
разгласен уред за известување на патниците; |
3. |
исправен уред за загревање на внатрешноста на возилото од најмалку 291 К и уред за вентилација и |
4. |
физичка преграда меѓу просторот за стока и просторот за патници. |
Со комби возилата со кои се врши превоз на патници во истиот простор не може да се превезува живина и добиток.